АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО 1

Поднаслов ако треба

Учење преку правење. Архитектонското студио I се наоѓа во самиот почеток на процесот на учење архитектура и тоа преку лично искуство на создавање архитектонски проект. Основна цел е создавање активна претстава за целовитоста на Архитектонскиот простор. Целта е повеќезначна. Прво е стекнување на објективни знаења и вештини, што е гносеолошка категорија, и второ е развивање на субјектовата личност, истите да ги објективизира во вредности, што е онтолошка категорија. Целта е повеќенасочна. Тоа е воспоставување на динамична рамнотежа меѓу широчината на појмовниот хоризонт и длабочината на согледбениот фокус на студентот. Целта исто така е и повеќедимензионална. А тоа е истовремено создавање на претстава за формален јазик или ред, но и овозможување на потребата за лична експресија, говор или случај. Воведната вежба е сеќавање на одреден простор, кондензирано во вид на минијатура, и претставува реконструирање на специфична атмосфера, специфична поетика на просторот како темелна одредница на неговата целовитост. Втората вежба, привремено живеалиште за три личности, го одредува архитектонскиот простор како медиум за комуникација, како културолошки феномен. Почнува со препознавање на три различни личности и нивните специфични потреби и се заокружува во создавање на програм, кој ги обединува. Вежбата значи обликување на програмот, или случување на просторот. Форми на изразување се концептуално синестезично сценарио, дијаграм, и дводимензионално фигурирање; полно – празно, како и тридимензионално длабење на просторната синтеза.

За студиото

АС I
Архитектонско студио I

Семестар I
2016 | 2017

Наслов:
Сеќавање на простор
Привремено живеалиште

Педагошки тим:
Митко Хаџи Пуља
Минас Бакалчев
Александар Радевски
Марија Мано Велевска
Горан Мицковски
Бетим Зеќири
Дејан Ивановски
Дарко Драгановски
Павел Вељаноски