АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО II
Поднаслов ако треба
Работата на Архитектонското студио II е поделена во три вежби со заеднички именител: Учење = Сеќавање на себеси.
Првата е подготвителна вежба: „Претставување = Создавање на Архитектонскиот простор“. Претставува слободорачна обработка на визуелните, графички елементи со кои се создава слика за просторот, и тоа од ментална претстава – идеја преку механизмите на сензо-моторната асимилација.
Втората вежба: „Отелотворување на Архитектонскиот простор“ ја има за цел феноменологијата на Архитектонскиот простор, како обединување на внатрешните и надворешните влијанија во единствен, целовит, структуриран, поимлив простор, кој како таков изразува одредено значение. Преку контролирана модуларност, просторна структурна решетка, совладување на вертикална длабочина на просторот, и откривање на различни формално-јазички вредности.
Третата вежба: „Сликовита автобиографија, Учење од традиционалната македонска архитектура“ ги обработува основните обликувачки елементи, генеративни принципи како вредности на просторот. Тема е човекољубен простор, човекомерен простор и контекст.
За студиото
АСII
Архитектонско студио II
Семестар II
2019 | 2020
Наслов на проектот:
ПАВИЉОН ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ
НА ВРЕМЕНА НАСТАВА
Локација:
Двор на Архитектонски факултет во Скопје
Педагошки тим:
Митко Хаџи Пуља
Минас Бакалчев
Александар Радевски
Дивна Пенчиќ
Дарко Драгановски
Мартина Пенева
Никола Милосављевски
Теодора Илиевска