АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО IV
Поднаслов ако треба
Процесот на учење архитектура подразбира повеќе начини како да се дојде до посакуваното знаење и вештини. Истражувањето на референтни примери на архитектонски градби претставува прагматичен начин на учење архитектура и придонесува за подобро разбирање и совладување на аналитичката фаза на проектанскиот процес.
Предмет на истражување на задачата „Анализа на референтно архитектонско дело“ во летниот семестар од учебната 2020/21 година се осум внимателно избрани примери на куќи од современи автори, сместени на мали локации во густо изградени урбани средини. Архитектурата на градот е континуиран предмет на интерес на студиото од причина што современиот град претставува предизвикувачко место за истражување на напредните идеи за замислување и градење на просторот. Како последица на зголемувањето на густината на градовите и во услови на променливи социјални и економски конфигурации, од архитектите се бара постојано преиспитување на проектанските замисли во насока на обезбедување удобност и квалитет на просторот за живеење.
На образовен план, задачата има за цел да придонесе кон зголемување на знаењата на студентите, обучувајќи ги за: (1.) самостојно собирање и обработка на информации од различни извори; (2.) пронаоѓање, одбирање, вреднување и изделување на собраните информации според некоја тема; (3.) испитување и опишување на особеностите на градбата преку примена на соодветни аналитички методи; (4.) развивање вештини за вреднување на локациските, просторните, програмските, структурните и материјалните својства на градбата; (5.) развивање графички, моделарски и говорни вештини на претставување на резултатите од истражувачкиот процес итн.
За студиото
АС4
Архитектонско студио IV
Семестар IX
2019 | 2020
Наслов на задачата:
АНАЛИЗА НА РЕФЕРЕНТНО АРХИТЕКТОНСКО ДЕЛО
Локација:
Аргентина, Јапонија, САД, Холандија, Шведска
Педагошки тим:
Јован Ивановски
Ана Ивановска Дескова
Горан Мицковски
Мери Батакоја
Моника Димовска
Емилија Стојаноска
Деспина Џепароска
Елена Стефаноска