АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО VI1

Поднаслов ако треба

Патот на исток на Ле Корбизије на почетокот на дваесетиот век,  значеше пресврт за принципите на модерната архитектура кои во многу што произлегоа од искуствата на вернекуларната куќа од исток. Остана енигма дали младиот  Ле Корбизије навистина го посетил Крушево? Во 1949, Душан Габријан во склопот на своето патување на „исток“, низ Македонија,  го посети и Крушево. Од тоа истражување произлезе антологиската книга „Македонска куќа, или преод од ориентална кон европска куќа“ (1955). 65 години подоцна го посетивме Крушево: тргнавме од споменикот Македониум, преку питоресните улици и призори на стариот град, стигнавме  до Мечкин камен на залезот на сонцето.
Како денес да проектираме група на едносемејкни  куќи во историското јадрото на Крушево?
Дали од традиционалните примери кои биле толку потикнувачки за пионерите на модерната архитектура можеме сè уште да учиме?
Едносемејните куќи еднаш основа на урбаноста денес е се повеќе маргинализирана категорија. Па сепак, нашите мали градови доминантно се состојат од едносемејни куќи, тие ја дават сликата на градот, и сеуште го дават идентитетот на нашата архитектура. 

За студиото

АСVI1
Архитектонско студио VI1

Семестар VI
2019 | 2020

Наслов на проектот:
КРУШЕВСКА КУЌА

Локација:
Крушево

Педагошки тим:
Минас Бакалчев
Саша Тасиќ
Димитар Папастеревски
Марија Петрова
Александар Петановски