АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО VI2
Поднаслов ако треба
Задачата во шестиот семестар 2017/2018 е фокусирана на истражување на програмските и типо-морфолошките трансформации на објектите од областа на културата.
Се испитуваа просторно-програмските капацитети на Музеј посветен на афирмација на културните вредности на град Валандово и неговото опкружување и Медиатека како културен и информациски центар на град Валандово, на две локации со различни контекстуални и физички карактеристики. Двете програмски задачи и двете локации тестираа четири различни ситуации на можностите за креирање амбиент кој ќе биде израз на просторниот контекст и идентификација со местото.
Архитектонските проекти во центарот на град Валандово ја истражуваат темата на артикулација на јавниот отворен простор преку новата архитектонска интервенција позиционирана помеѓу постојниот Дом на културата и постојната пешачка артерија и главниот плоштад на град Валандово.
Архитектонските проекти на работ на град Валандово, позиционирани на почетната точка на т.н. манастирска патека, ја истражуваат темата на вклопување или реагирање на новата архитектонска интервенција во нагласено природен пејзаж формално означен преку карактеристичниот топографски и вегетален карактер и отворените панорамски погледи.