АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО VIII2
Поднаслов ако треба
Болницата не е едноставно само еден хотел, ниту само место на кое се дистрибуира медицинска нега по достапна цена. Таа е фокусна точка на концентрацијата и спроведувањето на знаење за самиот живот. – Ц. Руфус Рорем
Не повеќе дом на болестите, формиран во својата суштина како гест на милост и експресија на сожалување, болниците и клиниките стануваат “Maison de Sainte”, „свети куќи“ – центри на активностите за здравје.
Со Модерната болниците се преиспитуваат во сите нивни размери и перспективи, од креветот до кампусот, од пациентите како „секој своја машина за лекување“ до медицинските сестри, доктори… Така што болниците, повеќе од било кој друг тип на објекти во 20-от век, се поврзани со трансформација на здравјето на популациите и животниот век. Од нивото на јавно здравје до нивото на индивидуалец, архитектурата на модерната болница го преобликува знаењето за здравјето и болестите и перцепцијата на телесниот интегритет и сигурност.
Студиото VIII2 го зема за предмет токму овој тип на објект, го истражува, и проектира нова Детска Клиника за Очни Болести на локација Сопиште, Скопје.
За студиото
АСVIII2
Архитектонско студио VIII2
Семестар VIII
2019 | 2020
Наслов на проектот:
ДЕТСКА КЛИНИКА ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ
Локација:
Сопиште, Скопје
Педагошки тим:
Вон. Проф. д-р Михајло Зиноски
Проф. д-р Анета Христова Поповска
дем. Марија Џидрова