Студенти:
МАРТИНА НИКОЛОВСКА
ХРИСТИНА ШАЈНОСКА
Локација:
Крушево
Концепт:
Лоциран на 1300 м надморска височина, Крушево е највисокиот град во Македонија кој наликува на гнездо скриено помеѓу високите планини. Хармонијата помеѓу суровите планини и меката архитектура креираат речиси нереална атмосфера во ова мало гратче. Крушево е еден посебен свет, град-музеј во кој минатото и иднината можат да бидат почувствувани истовремено. Тоа е и целта на овој концепт- ново проектираните објекти да се поврзат со старата маса на Крушево, но со модерен акцент.