Студенти:
Горазд Коцев
Иван Михајловски
Локација:
Лесновски Манастир, Свети Архангел Михаил и Гаврил
Концепт:
Со поставувањето на објектот на западниот ѕид од целиот комплекс, преку самиот пристап кон влезната капија се добива чиста визура кон манастирот. Формата е составена од повеќе симетрични кубуси како и несиметрична искршена трака во која се сместени студентските соби. Како резултат на самата форма во меѓупросторот од првиот кат се создава место за социјализација односно простор кој зближува. Објектот поставен на самиот ѕид овозможува непрекината циркулација од надворешните временски услови и со самата надморска височина станува побезбеден. Со ова се зголемува функцијата и практичноста на самата лабораторија за истражување на руралната архитектура.