Студенти:
Теодора Герова
Локација:
Манастир Св. Гаврил Лесновски, Село Лесново Манастирски комплекс составен од црквата Св. Архангел Михаил и конаци, средишна точка на динамичниот предел на “Лесновскиот кратер”. Еден од најзначајните средновековни сакрални споменици на културата.
Концепт:
Со оглед на затворениот карактер на манастирот, новопроектираните објекти се надоврзуваат на веќе постоечките, максимално прилагодувајќи се на околината. Интервенцијата е составена од два засебни гостински конаци поврзани на ниво на кат со отворена тераса(мост), со трем од столбови на ниво на терен кој се протега покрај јужниот ѕид. Со што се зачувуваат живописните погледи кон самото село, воедно овозможувајќи нови кон црквата и целиот комплекс. Дополнително искористувајќи се за изложба на воденични камења, етно постаменти и како простор за работа и одржување на Лесновската ликовна колонија.