Студенти:
Искра Јовевска
Ана Миладинова

Локација:
Скопје

Концепт:

Развивајќи ја формата првично остваривме контакт со она што е веќе на локацијата– постоечката неизграденост, природа. Решението што беше презентирано всушност е резултат на преклопување на неколкуразлични концепти на истата локација. Проектот се базира на три основни концепти, антитип, open end-architecture и концепт на неинванзивност.
Антитип, бидејќи не е типолошки дизајн, туку а-типолошки механизам, бидејќи идејата за одвивање на современата фунција и преклопување на различни интереси и цели не преку кохерентни тела, туку преку симултани пејзажи претставени како структури, форми и идентитети на заедничкиот интегриран резултат. Всушност, да се направи простор односно систем што ќе е прилагодлив на сите групи на корисници. Затоа, финалниот дизајн може да се дефинира како еден кластер на различни наративи во контекстуален и концептуален смисол. Решавањето на остатокот од содржините и нивното проектирање претставува напуштање на перцепцијата за конвенционалната болница, преку обезбедување повеќе заеднички простори за дневен боравок, движење, комерцијален простор и се разбира работење. Детската клиника на падините на Водно се состои од расчленети кубусоидни тела кои имаат различна поставеност и ориентација. Според даденостите на самата локацијаи инфраструктура, и конфигурацијата на теренот одлучивме клиниката да биде во што поголем допир со природата, во извесна мера дури камуфлирана, почитувајќи ги и искористувајќи ги предностите на самиот локалитет. Волумените го следат падот на теренот, претопувајќи се во топографијата. Дополнителните меѓупростори на различни нивоа се појавуваат каскадно, во вид на дворови, до кои пристап имаат пациентите сместени во болничките крила. Почнувајќиод самиот влез, кој е единственото нешто што се забележува од објектот, па се до последното ниво под земја, содржините се поставени според потребите на самиот посетител.
Целта беше да ја избегнеме типичната стерилна атмосфера, карактеристична за скоро сите болници,каде прозаичноста на функционирањето и движењето, стандардизацијата и самата материјализација ја одземаат можностана вработените, пациентите и посетителите да го доживеат просторот на поразличен начин.
Материјализацијата на објектоте во неутрални тонови, употребене камен, стакло, бетони дрво, во склад со намената и околината. При процесот на проектирање избравме речиси павилионски систем, со цел да се овозможи независна изградба, доградба и користење на секој од објектите, кои исторемено функционираати взаемно. Модулите, и впрочем сите користени елементи и материјали се повторуваат, така што овозможуваат полесна и поекономична изведба. Бетонот е користен како главен конструктивен материјал.