Студенти:
Стефан Танков
Локација:
Сопиште, Скопје. Објектот е проектиран на терен во пад кон север, на подолжна локација со сообраќајни граници на северната и јужната страна.
Концепт:
Предметната програма е распределена во ортогонален конструктивен систем кој е вклопен во неправилните форми на плочите по контурите на теренот. Северната фасада е стаклена со цел рефлексија на природните визури и камуфлирање на архитектурата во природата, додека на спротивната страна болничките единици добиваат максимална искористеност на јужното сонце.