Студенти:
Мартина Пенева
Калина Трајановска
Локација:
Населба Сопиште, Скопје
Концепт:
Објектот е наменет за детска клиника специјализирана за очни болести. Тој одговара на сите дадености на човековиот вид преку нивна симплификација.
Доминантна е хоризонталната оска на која вертикално се нижат симетрично поставени правоаголници еден врз друг со отстапка во приземјето каде волуменот се исфрла на едната страна и создава засебна симетрија.
Секој од засебните волумени е поврзан со претходниот со вертикални комуникации кои се наоѓаат на двата краја. Обликовните постапки се диктирани од комплексната програмска содржина.