Студент:
Емилија Димитриевска

Локација:
Сопиште, Скопје
Се наоѓа на јужната страна на планината Водно, во општина Сопиште, Скопје. Поставена на повисока кота од градот, на терен во пад, овозможува големо количество на зелени површини, чист воздух и визури кон градот.

Концепт:
Објектот се развива на седум нивои, поставени каскадно, така што пет нивои се наоѓааат над кота на теренот, а преостанатите две се вкопани во теренот, меѓутоа со северната фасада излегуваат на кота на новопроектираната улица. Болничките единици се поставени во една вертикала, потоа амбулантскиот дел и оперативниот блок се развиваат на приземје и кат и ургентниот центар кој се поврзува со останатиот дел преку тунел се развива само на приземје.