Студент:
Кристијан Арсовски
Локација:
Сопиште, Скопје
Концепт:
Идејата за разработка и проектирање на програмата за детска болница за очни болести е инспирирана и таа произлегува од фасцинацијата за градбата на окото. Окото како еден од главните човечки органи кој има функција да гледа, набљудува, истражува и сл. Конструкцијата на окото е вградена во круг кој потоа концентрично се намалува и зголемува, самата градба на окото е силно врзана со проектирањето на објектот. Модулот претставува преклоп на концентрични и радијални линии. Пристапот е овозможен од горната и од долната улица. Просторно волуменската структура на објектот е симетрична, едноставна, таа претставува дел од круг кој во одреден дел е вкопан во теренот. Објектот радијално се разчленува и концентрично се зголемува, зависно од програмата на просториите во планот. Програмата која е комплицирана е функционално решена со користење на скелетен конструктивен систем. Таа е главно поделена на две крила кои ги поврзува централното јадро и помошните странични јадра. Централниот дел е оној простор којшто се јавува како јавен дел по вертикала, тој се извишува над објектот како полна структура и во голема мера е застаклен. На јужниот дел се предвидени брисолеи, со испуштање на плочата кои доведуваат до засенчување и пријатен амбиент во внатрешноста. На кровот е предвидена зелена градина на која се појавува и дел од конструкцијата. Фасадната обработка е обоена во бела боја, модернистичка, таа е прочистена од било какви орнаменти, на неа се појавуваат само прозорските отвори како елементи кои зборуваат за дозата на светлина која е потребана на специјализирано опремените простори и на тој на начин се поврзува со Интернационалниот стил од XXвек. Во партерот се предвидени и три мирни големи водени површини.