Студенти:
Ленче Маркова 8199
Елена Петрушевска 8200
Локација:
Сопиште , Скопје
Селото Сопиште е сместено во јужниот дел на Скопската Котлина во областа Каршијак, во сливот на Маркова Река. Tоа е центар на истоимената општината и е во непосредна близина на Скопје. Сопиште е ридско село расположено на југоисточната падина на планината Водно на надморска височина од 540 метри,оддалечено 7 километри од центарот на Скопје.
Концепт:
Станува збор за детска болница за очни болести која притоа задоволува потреби и на клиничка болница.Решението се состои од 6 нивоа од кои 2 се наоѓаат во земја поради планинскиот терен во пад.Решението е предвидено со армирано бетонска скелетна конструкција која ја надополнуваат армирано бетонски платна на одредени предели.
Капацитетот на болницата е до 100 легла, не вклучувајќи ја интензивната нега. Според страните на светот, собуте се ориентирани на југ, односно искористено е максимално природното светло со тоа што со фасадата е овозможена контрола на количина на сончевите зраци кои ќе влегуваат зимно и летно време.