Студент:
Давид Костадиноски
Локација:
Добри Дол, Водно – Скопје
Се работи за стрмен терен кој има 2 пристапни улици една на северната страна на локацијата и една на јужната страна. Тие улици се користат наменски,како главна пристапна улица додека другата како сервисна улица.
Концепт:
Поставеноста на објектот е издолжена и поставена хоризонтално долж локацијата и се состои од 3 споени волумени. Централниот волумен е во вид на квадрат додека лево и десно од него се развиваат назабчени волумени кои се со цел да се задржи оној поглед кон долината како главна бенефиција која произлегува од самата локација и поради потребата од светлина во болничките соби кои се токму натаму ориентирани се изместува волуменот за да може секоја соба да има упад на светлина во одреден дел од денот.