Студенти:
Сара Стокуќа
Христина Блажеска
Локација:
Градски Парк Во Битола
Фреквентна градска зона по линијата на движење на Широк Сокак. Интерсекција помеѓу зони со станбени, социјални, образовни и рекреативни содржини.
Концепт:
Спирала – Обединување и насочување Воведување на спирала во постоечкото ортогонално движење низ паркот. Движењето се собира и насочува кон внатрешноста на структурата во чија најдлабока точка е сместена најатрактивната содржина – ботаничката градина. По текот на спиралата се формирани референтни точки од урбана опрема и вегетација со цел долгото движење да го направат евентно и примамливо за посетителите.