Студенти:
Елена Босилковска
Рима Трајчева

Локација:
Градски парк – Битола

Концепт:
Основниот концепт е оградување на постоечки простор и негова трансформација. Секој простор припаѓа на одредено опкружување, па така формата на оградениот простор се заснова на формите кои ги формираат крошните на дрвјата во самиот парк, а вертикалите од кои е составен алудираат на нивните стебла. Кружните простори кои се формираат, носат своја функција, а во два од нив се сместени два ботанички павилјони.
Ботаничките павилјони се добиени со мултиплицирање на модуларни елементи, коцки 4,20m x 4,20m x 4,20, се издигнуваат во вертикала на приземје и кат, создавајќи интегрални правоаголни волумени кои силно се однесуваат на нивниот контекст. Покрај тоа градацијата од целосна продорност до транспарентност, не само што ги исполнува барањата на внатрешните функции туку им дава на објектите сличност со динамично живо тело. Петтото издигнување се карактеризира со обвивка од мрежа со кристална чиста стаклена текстура.