Студенти:
Андријана Рамнешова Моника Спасеноска
Локација:
Градски парк – Битола
Оваа ботаничка градина е проект поставен во непосредна близина на градски парк-Битола. Местото на интервенција е разделено од паркот со патека и се надоврзува на него. Од другите две страни е ограничено со улица Курделес и градското шеталиште.
Концепт:
Ботаничката градина е конципирана со помош на прекршување на агли од 30° и 60° формирајќи издолжена прекршена геометрија која лежи на отворениот зелен триаголен простор. Има разгранета, динамична форма која однадвор изгледа затворена а внатре создава полуотворени простори. Овие полуотворени простори се акцентирани централно со дрво како тема на ботаничката градина. Овој премин го овозможува бетонскиот 3m висок интровертен ѕид кој внатре ограничува катче од природата.