Студенти:
Христина Алексиоска

Локација:
Битола
Локацијата претставува дел од градскиот парк во Битола. Постои тенденција кон надоврзување на постојниот парк, но истовремено оформување на една засебна целина.

Концепт:
Обиколниот ѕид ја следи формата на локацијата и овозможува интеграција со постојниот парк. Павилјоните се поставени во општо зеленило, чиј конструктивен систем се состои од челични столбови и ѕидови од тула. Внатрешната конфигурација го следи конструктивниот систем и создава чувство на лавиринт, како и можност за траекторија која посетителот ја создава индивидуално.