Студенти:
Ива Јованова
Тамара Иванова

Локација:
Објектот се наоѓа во јужниот дел на Градскиот парк во Битола, на парцела ограничена од градското шеталиште и самиот парк.

Концепт:
Ботаничката градина е заобиколена со бетонски ѕид кој се развива органски и креира отворени простори – “соби” наменети за одгледување растенија на отворено (жито, лаванда, брези, јапонски цреши) и изложби на скулптури.
Павилјоните се организирани околу двовисински централен дел, а меѓусебно се разликуваат по степенот на приватност по катови.