Студенти:
Мимоза Евроска
Елена Стефаноска

Локација:
Локацијата на сработениот објект е предвидена во рамки на парковската површина на град Битола, односно Градски парк.

Концепт:
Објектот по својот облик претставува едноставен кубус со скоро исти пропорциски елементи од секоја страна. Комплексноста на вертикално издигнатите волумени оформени од висинската варијација на проодните плочи даваат впечаток на разнопросторност и одвоеност, со тоа се отфрлаат преградните ѕидови што прави баланс на еден целосно изложбен ботанички зелен простор кој е оформен со комуникациски јадра, додека централниот дел содржи егзотично бујно зеленило.