Студенти:
Анастазија Ачкоска
Андреа Зајкоска

Локација:
Во Битола – јавна површина која е паралелна на Градскиот парк и атрактивната променада.

Концепт:
Идејата на проектот произлегува од хармоничната комуникација помеѓу природата и архитектурата – зелениот простор преземајќи ја водечката улога. Проектот воведува живописни предели со дива и елегантна вегетација, езера и водопади, оградена форма инспирирана од околината и видлива контраст на два паралелни зелени појаси.
Во двата стаклени павилјони кои го зафаќаат централниот дел се прикажани елементи на еден поинаков пејзаж кој се обидовме да го преведеме во концепт што одговара на модерна ботаничка градина која мора да комуницира, да забавува, да поучува и да биде незаборавна за посетителите кои бараат релаксација, како и информации.