Студенти:
Марија Ѓурковиќ 7680
Јована Оносимоска 7679

Локација:
Ботаничката градина наменета за одгледување и изложување на растителни видови се предвидува да се гради во парковската зона на Битола. Пристапот е решен преку постојната сообраќајница и пристапна патека.

Концепт:
Објектот е поставен во обиколен ѕид чија форма излегува од контурите на отсечокот на локацијата преку просторно диференцирање на два дела за два павилјони. Павилјоните се интерактивни, колективни и продуктивни точки на локално ниво и во нив се сместени лаборатории и мултифункционални простори. Во околината се предвидува читална на отворено, изложба и истражување на растителни видови.