Студенти:
Милеска Александра
Локација:
Битола
Павилјоните се поставени во парцела во рамки на градскиот парк во Битола. Истите се обиколени со ѕид каде распоредот на површините наменети за комуникација, движење и ниско и средно зеленило во партерот ја следат самата форма на поставениот ѕид.
Концепт:
Во внатрешната организација на просторот односно на ѕидот се предвидуваат двата павилјони, простори за седење, фонтани и зелени површини. Павилјоните претставуваат ботанички градини кои во својот состав содржат библиотека во едниот и кафе бар во другиот. Павилјоните се решени со две нивоа, приземје и кат со централен отворен простор со високо зеленило. Дополнително во надворешниот дел од една страна на павилјоните поставен е отворен трем наменет за седење.